Студенти од Нов Зеланд играат игра наречена опосум, во која човек седнува на гранка и се опива с додека не заврши на земја.
Играта е наречена опосум по животинчиња кои живеат во крошните на дрвата во Нов Зеланд.
Жителите на студенстскиот град Данидн се бесни на локалните млади студенти, бидејќи парковите се постојано полни со празни шишиња, скршени стакла и ѓубре.
-Тоа веќе трае две три години. Веќе ни е преку глава постојано да го чистиме ѓубрето кои го оставаат играчите на опосум. Она што ќе го испијат мора негде да излезе, тие повраќаат или мократ по стеблата на дрвата, и воопшто не е пријтано да се среќавате секојдневно со ова, изјавил управителот на гратските паркови, Алан Мачет.
Градските власти се загрижени поради можните повреди на пијаните стиденти кои висат по дрвјата.