Диети и вежби против целулит

popara25 јануари, 20121min00
d

Целулитот е широко распространет проблем, кој може да ја засегне секоја жена независно од возраста. Она што е вистинското решение на овој проблем е комбинација од неколку процедури, односно правилен режим на исхрана, многу течности и физички вежби.

Пијте повеќе вода, водата го прочистува дигестивниот систем и ги отстранува токсините од телото. Ограничете го внесот на масти и шеќери, а внесете повеќе во својата исхрана растителни влакна, овошје, зеленчук и зрнеста храна.

Намалете со пушењетo, ова предизвикува намалување на циркулацијата на крвта, со тоа се нарушува правилната размена на материи во клетките и како последица задржување маснотии во нив и предвремено стареење.

Избегнувајте солена храна, солта ги задржува течностите и ја прави појавата на целулит побрза.

Да се избегнува брзата храна и да не се прават драстични разлики во тежината, брзото слабеење и дебелеење неминовно води до формирање на целулит. Затоа и не се препорачуваат ригорозните диети.

Што се однесува до спортот, секако тоа е еден од основните фактори за намалување и превенција од појава на целулит. Експертите советуваат 3-4 пати неделно физичка активност по 30 минути, тоа да биде континуирано и секако резултатите нема да изостанат. Освен тоа спортот е директно поврзан со доброто расположение.