Поранешниот работник го тужи својот работодавец Крис Бурч поради „дискриминација на работно место заради сексуална дискриминација“.
Како што пренесува весникот „New York Post“, поранешниот работник Џејми Ардаџо, тврди дека неговиот работодавец отворено зборувал дека вработува само геј мажи, бидејќи според него тие биле попродуктивни и може да им верува.
Кога Ардаџо изразил загриженост поради дискриминацијата бидејќи тој бил стрејт, добил отказ.
Иако тужбите за сексуална дискриминација чести во светот на модната индустрија, ова е прв пат некој да тужи некого, а да не станува збор за дискриминирање на хомосексуални лица, туку напротив за хетеросексуални.