Домашна маска за лице од круша

popara6 февруари, 20121min00
u

Крушата може да биде основна компонента за вашата домашна козметика. Со неа можете да си приготвите маски и лосиони за сите типови кожа.

Во случај ако вашата кожа ја изгубила еластичноста и изгледа уморна , изрендајте ситно две круши. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 15 минути.

Вашето лице има потреба од дополнително подхранување, а кожата ви е сува? Земете една зрела круша, олупете ја и потоа обработете ја во блендер. Кон тоа додадете половина лажица мед и една лажица павлака. Откако ќе ја нанесете маската, оставете да делува 20 минути.

Ако пак имате мрсна кожа можете да направите маска од една ситно изрендана круша на што ќе додадете две лажици кисело млеко. Потоа нанесете ја смесата на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag