Домашна Спа процедура со маслиново масло

popara18 февруари, 20121min00
4

Маслиновото масло не е полезно само за срцето, но и за кожата. Маслинките се богати со витамините А, Е и К како и омега-9 масните киселини, а токму ова е и се што е неопходно за сувата кожа, воспаленијата, брчките и увиснатата кожа. Токму затоа ви ја предлагаме следната процедура, која задолжително треба да ја пробате.

Во стаклен сад измешајте неколку лажици маслиново масло со неколку лажици морска сол или крупен кафеав шеќер.  Смесата треба да биде доволно за целото тело. Ова е природен пилинг, кој ефикасно ги отстранува мртвите клетки и сите нечистотии насобрани во порите на кожата, а маслиновото масло идеално навлегува длабоко во кожата на овој начин.

Најпрво треба да се истуширате со потопла вода, со цел да се отворат максимално порите. Дури после ова се започнува со пилингот. Ова треба да се применува еднаш месечно, бидејќи ние често забораваме на кожата на телото, а потоа во лето бараме експресни решенија, а такви нема. Постојаната грижа само дава добри и трајни резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag