Потребни состојки:
- 1дл слатка павлака
- 250гр маргарин или путер
- 300гр шеќер
- 250гр кокосово брашно
За глазура:
- 150гр темна или млечна чоколада
- 80гр путер или маргарин
Начин на подготовка:
Шеќерот, маргаринот и слатката павлака стопете ги на тивок оган, а потоа зголемете ја температурата за смесата да зоврие. Во врела смеса додадете кокосово брашно и добро помешајте.
Помал сад за печење обложете со хартија за печење и додадете ја смесата, израмнете со лопатка за колачи за коцките да бидат уредно изедначени. Оставете во ладилник најмалку 2 часа, за смесата добро да се стегне.
Извадете го колачот од садот и полека одстранете ја хартијата. на даска за сечење исечете коцки и вратете повторно на ладно додека се подготвува глазурата.
Коцките прелијте ги со чоколадната глазура и оставете да се стегнат. Потоа по желба, уште еднаш декоративно украсете ги со растопеното чоколадо.