Ние постојано ја изложуваме својата коса на различни видови термичка и хемиска обработка и ако веќе тоа го правиме, треба и да посветиме доволно време за регенерација и заздравување на оштетената коса. Домашните маски се најефективен и најлесен начин да ја одржуваме здрава и убава косата.
Јајцата можат да бидат употребувани за приготвување на различни маски за коса, а жолчката од јајцето е особено поволна за сува и кршлива коса, која има потреба од дополнителна хидратација. Белката се препорачува за мрсна коса, а цело јајце за нормална коса. Додадете кон јајцето маслиново или масло од орев и ќе добиете една неворојатно добра хранлива и хидратантна маска за коса.
Рузмаринот и јаболковиот оцет се единствените составки кои ви се потребни за домашно лечење на првут. Земете две лажици сув рузмарин и додадете половина чаша врела вода. Покријте и оставете да одстои 20 минути. После тоа додадете го јаболковиот оцет, половина чаша и исипете ја течноста во стаклен сад. Течноста се аплицира на чиста и влажна коса на скалпот и не се измива.