Лејди Гага основа фондација за борба против насилството :)))

20 јануари, 20120
ladygaga

Лејди Гага наскоро треба да започне со својата фондација за борба против насилството “Born This Way”, која би треба да им помогне и да ги поттикне младите луѓе. Гага минатиот месец била на состанок во Белата куќа, каде со претседателот Барак Обама разговарала за важноста на мерките за спречување на насилството. Пејачката одлучила да премине од зборови на дело и покренала фондација со свои пари.

Мајката на ѕвездата изјавила: “Фондацијата на мојата ќерка се роди од нејзината страст да го направи светот подобро место за живеење. Место во кое сите ќе бидат подобри едни за други без оглед на тоа колку различни можат да бидат”. Таа вели дека нејзината ќерка се идентификува со младите луѓе кои се наоѓаат во тешка ситуација, бидејќи и таа самата поминала низ многу слични проблеми.

Стартувањето на Фондацијата ќе биде означено со гала вечера која ќе се одржи кон крајот на февруари во Харвард. Лејди Гага претходно учествувала во разни проекти кои се бореле за легализација на бракови од ист пол. Таа е чест покровител  на ЛГБТ организација која се бори за правата на хомосексуалците и  транссексуалците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi