Зошто треба да ја посетите Доминиканската Република

31 јули, 20120
punta-dominican-republic

Доминиканската Република го дели островот Хиспанјолу со своите помалце развиени “роднини”, Хаити. Нејзините жители уживаат во вечен лет на слатките бели плажи засенчани од крошни на палми и кристално чистата вода во која живеат егзотични риби.

 

Плажа Бајахибе

Малите рибарски села ги привлекуваат локалните жители и туристи, додека ексклузивните одморалишта се со деца и заљубени парови. Зачинетата храна опуштениот животен стил прават Доминиканската Република секоја година да има повеќе посетители.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ ?

Белите песочни плажи кокосовите палми прават Пунта Кана прават рај на љубителите на сонце.

Нуркачите можат да го истражуваат морското дно преполно од стари протонати бродови во водите на Бајахибе. Сан Доминго е еден од најстарите градови на Карибите која ќе ве однесе до калдрмата на убавите музеи и згради.

Подалеку од градот можете да уживате во “луња” водопад Салто де Агуас Бланкас или да ги набљудувате морските животни во Манати парк.

Санто Доминго

ШОПИНГ

Овде ќе ги пронајдете најдобрите пури во светот или уживајте во доминиканскиот рум. Во Санто Доминго можете да ги посетите тезгите во Ел Меркадо Модели , преполн пазар на локалните ракотворби и зачини.

Државна валута во Доминиканската Република е пезос кој се означува како RD$, метални парички постојат како апоени од еден и пет пезоси, и хартиени во 10, 20, 50, 100, 500 или илјада.

Виса и Мастер кард картички се користат во во области кои привлекуваат многу туристи. Негде се зема камата во износ од 16 отсто од цената на производот или услугата.

 

НОЌЕН ЖИВОТ

Дискотеки и ресторани во центарот, како и преполни хотели по должината на плажата се доволни за незаборавна забава. Можете да играте со ритамот на ди-џеј во Санто Доминго, или да пиете егзотичен коктел во клубот на плажа Кабрера или Барахоне.

Казината во поголемите градови и летувалишта нудат целосна ноќна забава и пијалаци.

РЕСТОРАНИ

Локални специјалитети во Санто Доминго најчесто се јадења од јастог, а за добри ракчиња или ракови треба да патувате во Пуерто Плата. Локалното население го обожава националното јадење “Ла Бандера” кое се состои од ориз, мешунки, зеленчук и пржени банани и школки во Самани, главниот град на кокосот.

Ла Романа

НАЈДОБРА ПЛАЖА

Најмирните плажи се наоѓаат на западната страна на Доминиканска Република – Бока Чика и на југот – Ла Романа и Бајахибе.

Пунта Канта

Плажите на Атлантикот – Пунта Канта, Ла Самана и Пуерто Плата – имаат поголеми бранови, особено за време на зимските месеци.

Бока Чика – Тоа е најдобрата песочна плажа, а можеби и најубавата на целите Кариби. Меѓутоа таквата убавина има своја лоша страна – привлекува премногу туристи. Луѓето се буквално пренатрупани на плажите, а зад себе оставаат премногу отпад.

Пунта Канта/Баваро – Една од најдобрите плажи на светот се наоѓа на источниот брег на Доминиканската Република. Целата нејзина должина ( 32км ) со премногу летувалишта во кои можете да останете и уживате во убавиот златен песок и безбедно пливање.

Кајо Левантадо – Овој остров се наоѓа на 7 милји југоисточно од градот Самана. До него лесно се стигнува со брод, а откако ќе пристигнете, ќе пронајдете убав бел песок и тропска шума.

Ринкон

Ринкон ( Плаја Ринкон) – на источниот брег на полуостровот Самана, Ринкон се наоѓа 600 метри по должина на високата карпа Капе Каброн за кои е тешко да се пристапи.

Меѓутоа, кога вашето стапало ќе застане на врел песок, ќе се осетите како Робизон Крусо.

Завршување-Таа веќе привлече многу турусти затоа и не очекувајте да уживате во тишина. Таа стана популарно место за љубителите на скијањето и сурфањето. Меѓутоа за време на зимските месеци, водата е малку “дива”, па избегнувајте го тогаш пливањето.

Алтос де Чавон

Атракција

Алтос де Чавон,Ла Романа- Тоа е реплика на шпанско село од 16-ти век, кој се наоѓа во близина на познатото одморалиште Каса де Кампо. И можеби најубавиот дел од амфитеатар  во грчки стил, а таму ќе ги купите и најдобрите сувенири.

Колонијална Зона ( Зона Колонијал, Санто Доминго )- Тоа е само неколку блока, од последниот сведок на колонијалното минато на Доминиканска Република.

Многу од нејзините споменици се уште се зачувани, и бидејќи тоа било седиште на центарот на Санто Доминго од кои Шпанците ја освоиле Западната хемисфера, не е чудно што шетањето во тој дел личи како патување низ времето.

 

Алказар де Колон

Алказар де Колон, Санто Доминго- во колонијалната зона на тврдината е изградена за Колумбовиот син Диего и неговата жена, внука на шпанскиот крал Фердинанд.

Диего владеел во со колонијалата во 1509 година и ја изградил оваа резиденција.

Национален парк Хаитисес ( Паргуе Национал Хаитисес ), полуостров Самана-на јужниот дел на полуостровот се наоѓа неверојатен парк кој зазима 208 километри квадратни. Големите мочуришта се дом на 112 видови на птици на речиси 100 видови растенија. Можете и да ги истражувате пештерите кои биле населени од страна на локаните домородци, Таино индијанци.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *