Пејачот и текстописецот R. Kelly се помалку ја посетувал и одржувал својата голема куќа во Чикаго, па веројатно поради тоа решил да ја продаде.
Имотот кој го поседува изнесува 2 хектари, а самата куќата има 2000 метри квадратни. Во неа има соба со базен која потсетува на џунгла, неколку камини, скоро се е уредено со камен и дрво. Куќата има 5 спални соби и 14 бањи.
Од надвор куќата изгледа како од стара бајка, но има и мало езерце, како и терен за кошарка. Оваа куќа пејачот ја продава за 1,59 милиони долари.