Дознајте нешто повеќе за него, од неговото тело

18 декември, 20120
mazi

За да дознаете нешто повеќе за него, погледнете го подобро! Се верува дека на лицето и телото на мажот се запишани неговите карактеристики.

Мажите со изразито широки рамења и тесни колкови се големи заводници. Tие се родени за флерт и љубовни авантури, и ретко може да се врзат за една девојка.

Мажите со големо чело се чувствителни. Сакаат да приредуваат ситни изненадувања, и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Доколку неговото чело е коцкасто, тогаш станува збор за маж кој е ладен и скржав на зборови.

Меките уши се одлика на верните мажи. Доколку неговите уши се мали и меки и усната ресичка е месната и мека, тогаш сте го направиле правиот избор, доколку сакате маж кој е храбар и посветен на жената.

Високите мажи се успешни. Каде и да се појават, привлекуваат внимание со својата висина. Тие се амбициозни мажи. Но, и ниските мажи не се помалку привлечни. Тие, недостатокот на сантиметри го надополнуваат со шарм и духовитост. Доколку Адамовото јаболко му е пониско од вообичаено станува збор за одличен љубовник. Адамовото јаболкото се спушта под дејство на хормонот тестостерон. Што значи, колку тоа е пониско тој е толку повеќе страствен и активен во кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi