Драгана Мирковиќ и Лепа Брена танчерска група на Аца Лукас!

29 февруари, 20120
1

Празничната атмосфера во студиото ДМ во Белград, за време на доделувањето на наградата на Аца Лукас, ги дигнала на нозе пријателките и колешките Лепа Брена и драгана Мирковиќ.

Веќе трета недела со ред телевизијата доделува награди за победник од Белград, бидејќи оваа манифестација од Домот на синдикатите се преселила во студиото на познатата куќа, чија сопственичка е фолк пејачката Драгана Мирковиќ. Овој вторник во студиото на ДМ, награди примиле Халид Бешлиќ, Аца лукас, Радос Бајиќ, Лепа Брена, а Драгана и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ испратиле и значителна сума на пари на Фондацијата Тоше Проески. Откако Лукас го запеал својот хит ‘Бајпас’ на подиумот му се придружиле Драгана и Брена кои биле одлично расположени и одиграле како вистинска танчерска група на својот колега.

-Драгана и јас ова го вежбавме еден месец, изјавила Брена, по одиграните чекоти на тактовите на Лукас, на што Драгана додала: Ние две си го знаеме секој потег доволно е само да се погледнеме. Шалата во студиото ја зачинил и Лукас со коментарот: Не бевме уиграни, но сите тројца покажавме дека сме многу талентирани. Признавам, никогаш подобра танчерска група не сум имал.

http://www.youtube.com/watch?v=FkxAJ8wFmEs&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi