Британската пејачка Duffy одлучи да и оддаде почит на еден од најубавите вокали, Etta James.
Младата пејачка ја испеа песната “Trust in Me“, и тоа на денот на роденденот на Etta, којa почина минатата недела. Duffy во моментов е во студио и го снима својот трет албум, а овде можете да ја погледнете емотивната изведба на една од најубавите песни на Etta. Песната e напишана уште во 1937 година – и сеуште трае. 🙂
Инаку, продажбата на албумите на Etta скокна за 378 проценти. Нејзината песна “At last“, минатата недела скокна на 29-то место на Billboard top листата, а песната која беше издадена во 1961 година заврши на 47-мото место.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Tm5reGQOCA4