Два монолози не прават дијалог

30 април, 20120
KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

На што мислите додека некој ви зборува за себе? За тоа што го зборува? А не мислите ли за нешто поинтересно, например за вашите лични проблеми? Кога гледаме вести си велиме – добро е што не ми се случи мене, чувствуваме жал за оштетените но многу брзо ни минува.

Затворени сме за светот надвор од својот дом и работа. А знаете ли дека сме луѓе со неограничени возможности? Родени сме за нешто повеќе од борба за опстанок! Нашата способност да комуницираме е во основата на нашето постоење. Ако не комуницираме, ние не живееме квалитетно и исполнето.  Многу често ние можеме да помогнеме на другите, ако само ги ислушаме. Големи се шансите на тој начин тие да се мотивираат и сами да го откријат решението за своите проблеми.

Да почнеме од таму дека не случајно имаме две уши и една уста. Ако слушаме два пати повеќе отколку што зборуваме:

Ќе имаме повеќе пријатели

Ќе можеме да комуницираме со секој човек на различни теми

Ќе ги знаеме потребите и на оние околу нас

Меѓута во нашата човечка природа е да се интересираме најмногу за себе!

Се бара огромно трпение да можеме да слушаме повеќе отколку да зборуваме. Ако не можете да се преборите со желбата да се искажете и ако ги ставате секогаш своите потреби на прв план,  никогаш нема да бидете посакувани соговорници. И во љубовта и во животот воопшто.

Не можеш да зборуваш за она што не го знаеш. Не можеш да сочуствуваш за она што не го чувствуваш. Неможеш да го објасниш она што го немаш. Неможеш да го дадеш она што не го поседуваш. За да даваш, за да споделиш и да биде полезно тоа што си го дал(дело, збор…) прво треба да го имаш.

Колку и да не сакаме, нашите родители исто така не се добри во комуникацијата со нас, зошто секогаш сакаат да не советуваат од лично искуство. Но на нас не ни е потребно тоа! Имаме потреба да разговараме без да не поучуваат и советуваат. Ние нема да ги прифатиме нивните совети, ако родителите еднострано ни ги наметнуваат без диалог. Истото се однесува и на врските. Два монолози не прават диалог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *