Џеј Зи и подари автомобил на Ријана за Божиќ?
21 декември, 20120
Познатиот рапер на својата штитеничка Ријана, за Божиќ и подарил скапоцен подарок, сребрено Порше 911 Турбо С.
“Ги имам најдобрите соработници на светот. Дефинитивно сте луди бидејќи ми подаривте вакво нешто. Сите ве сакам”, напишала Ријана (24) на Твитер.
Инаку овој автомобил чини околу 150.000 евра.
“Имаше успешна година и го заслужи најдобриот божиќен подарок. Следната година ќе морам да бидам уште пооригинален”, ја пофалил Џеј Зи својата миленичка.