Гласините за тоа дека Џенифер Анистон и нејзиниот дечко Џастин Теруочекуваат бебе, кружат уште од минатата година, а сега таблоидот Look, повикувајќи се на нивните блиски пријатели, објави дека актерката е бремена веќе шест месеци. Британските и американските медиуми пишуваат дека Џен овие денови е забележана во прошетка со Џастин и во ова прилика под капутот и се видел и стомакот. Наводно токму поради бременоста Анистон го пропуштила доделувањето на Златен глобус.
Вистинитоста на споменатите медиумски статии е дискутабилна, бидејќи бремената состојба на Џенифер која во шестиот месец би требало да доста истакната, досега никој не ја снимил, а гласините за бременоста актерката ги демантираше пред шест месеци, во октомври минатата година.