Ја гледаме на сцените низ светот во секси изданија, но Џенифер Лопез сама на своите обожаватели ја сподели својата друга страна.
На својот Фејзбук и Твитер профил Џенифер Лопез одлучила своите обожаватели да ги повика на хуманитарна акција. 43-годишната ѕвезда во акцијата ги вклучила и своите близнаци, Макс и Ема со цел да и помогнат да соберат милиони за американскиот Црвен крст, за помош на жртвите на бурата Сенди, и за детската болница во Лос Анџелес.
“Ако секој од нас даде само еден долар, би можеле да направиме нешто што никогаш до сега не сме направиле. Знам дека можеме тоа да го направиме! Сите кои донираат барем еден долар или повеќе имаат право да освојат платен пат во Порторико и на мојата последна концертна турнеја ‘Dance Again World Tour’, гордо објавила Џенифер, а среќниот добитник или добитничка ќе биде во можност со неа да се дружи зад сцената.