Џери Јанг го напушта Yahoo!

popara19 јануари, 20121min00
0421007.42

Соосновачот и поранешниот CEO на Yahoo, Џери Јанг, кој е еден од најзаслужните луѓе за тоа што Yahoo е денеска, отстапи од сите функции во оваа компанија.

Јанг ја напушта компанијата која во последно време е соочена со загуба на приходи и акумулирано незадоволство на акцинерите. Неговото заминување означува и крај на една ера за Yahoo, чиј сјај значително потемна поради неуспешниот обид во последните десет години да фати чекор со интернет гигантот Google. Всушнот Google во своите почетоци добил охрабрување и први совети од самиот Јанг.

Веста за неговото заминување доаѓа две недели откако Yahoo објави дека како CEO на компанијата ќе го постави Скот Томпсон, поранешниот директор на PayPal.

Toмпсон е четвртиот директор во помалку од пет години кој ќе се обиде да го спаси и повторно оживее Yahoo.

„Во моето време во Yahoo, од почетокот до денес, се случија некои од највозбудливите и најценетите искуства во мојот живот”, напиша Јанг во своето писмо до претседателот на Yahoo Рој Босток. „Но за мене дојде време да следам некои други интереси надвор од Yahoo”. Во својата оставка, исто така, напиша дека го подржува новиот директор, Томпсон.

Јанг не откри што ќе работи понатаму, но нема потреба да работи ништо, благодарејќи на богатството кое го стекна кога од 1995 година започнада работи на Yahoo во својата приколка на Универзитетот Стенфорд, заедно со својот колега студент Дејвид Фил. Од тогаш без прекин се наоѓаше во управниот дел на компанијата. Според последните проценки на магазинот Forbes, Јанг „тежи” околу 1,1 милијарди долари.

Џери Јанг е познат, помеѓу останатите работи, и по тоа што во 2008 година силно се спротистави на понудата на Microsoft да го купи Yahoo.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag