Џорџ Клуни одлучил уште малку да ја наполни својата банкарска сметка, со тоа што на пазарот ќе пласира сопствен бренд на текила.
Заедно со пријателот Ранде Гербер, инаку сопруг на Клаудија Шифер, ќе го лансира познатиот мексички алкохолен пијалок под името “Casamigos”.
Објавено е дека ќе се продава по разумна цена, но сеуште не знаеме кога ќе имаме прилика да ја пробаме текилата на Клуни. Доколку на шишето биде неговиот лик, нема сомнеж дека ова ќе стане новиот омилен алкохолен пијалок на жените низ целиот свет.