Според најновите истражувања само еден час џогинг седмично може да го продолжи животот со околу 6 години.
Експертите тврдат дека не е неопходно да претерувате со секојдневните физички активности во фитнесот, доволно е само да посветите едночасовно трчање седмично, распоредено на 2-3 пати.
Експертите откриле дека џогингот еден или повеќе часови седмично го продолжува животот најмалку 6 години. Трчањето исто така го намалува ризикот од смрт со цели 45%. Освен тоа има благопријатен ефект врз општата здравствена состојба и убавиот изглед на телото, секако.
Во експериментот учествувале 20 000 мажи и жени на возраст меѓу20 и 90 години. Нивната препорака е да избираме секогаш физичка активност која се одвива во природа, наместо во затворени и загушливи простории.