Една од најпопуларните во светот – Диетата на Аткинс

7 февруари, 20120
vv

Диетата го добила своето име по човекот што ја создал Роберт Аткинс. Оваа диета се базира на намалувањето на јаглехидратите, за сметка на протеините и мастите. Заедно со диетата се препорачува употреба на комплекс од витамини и минерали. Оваа диета е една од најпопуларните во САД со најголем број приврзаници. Со идеата на Аткинс започнува така наречената ниско-јаглехидратна револуција, што донесе многу поздрава храна по супермаркетите. Доктор Аткинс кој бил кардиолог вели дека ограничувањето на јаглехидратите го подобрува и здравјето.

Тој препорачува да се пијат по 8 чаши вода дневно, како и јадење на месо јајца и риба. Првите две седмици не консумирате воопшто храна што содржи јаглехидрати. Ова е периодот во кој ќе загубите најмногу килограми. После овие две седмици постепено се вклучуваат јаглехидратите но во многу мали количини, односно 25-30 грама дневно во текот на следните две седмици. Од мастите дозволена е употреба на растителните масла, како додаток на салaтите кои треба да се јадат паралелно со месото во поголеми количини. Овошјето е изклучено поради фруктозата, па затоа се пијат витамини и минерали со многу вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi