Јајцата имаат позитивно влијание врз пациентите со метаболен синдром – болест која води до болести на срцето и крвните садови.
Метаболниот синдром представува комбинација од симптоми како висок крвен притисок, зголемена телесна тежина, високо ниво холестерол и др. Ако кај пациентот се забележуваат три или повеќе вакви ризик фактори, може да се зборува за присуство на метаболен синдром. Освен тоа овој синдром предизвикува и појава на дијабет.
Јајацата се полезни за вашето здравје, тврдат американски експерти. Учесниците во оваа студија спроведена во универзитетот во Конектикат консумирале по три јајца дневно.
После 12 седмици кај представниците од првата група се забележува зголемено ниво на добриот холестерол. Тој помага за чистење на огрганизмот од маснотии и не дозволува нивно натрупување по зидовите на крвните садови.
Други студии пак покажале дека јајцата ги редуцираат воспаленијата во организмот, карактеристични за луѓето со метаболен синдром. Експертите тврдат дека јајцата се идеален појадок, што не заситува за подолго време и ја дава неопходната потребна енергија за квалитетен почеток на денот.