Ексклузивно одмаралиште вредно 20 милиони долари
Љубителите на зимските спортови, кои на сметка имаат 20 милиони долари, можат да станат горди сопственици на ексклузивно одмаралиште…
Yellowstone Club е приватно одмаралиште за богатите, а го изградиле Тим Бликсет и неговата поранешна сопруга Едра во 1999 година. Одмаралиштето е резервирано само за членовите кои ќе уплатат 250.000 долари чланарина, но поради рецесијата претрпел тежок удар, а во 2008 година бил прогласен банкрот.
Во населбата се наоѓа неверојатна селска вила опремена со се што е потребно за првокласен зимски одмор, вклучувајќи осум добро опремени соби, кралски апартман, три гаражи, 12 бањи, фитнес сала и други луксузни содржини.
Одмаралиштето сместено во планините Монтана, во минатото ги привлекувало некои од најбогатите луѓе во светот, како што е основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Три месеци пред сопствениците да прогласат банкрот во 2008 година, Бликсет и неговата сопруга се развеле, а одморалиштето и е доделено на неа.