Британската актерка ќе ја игра Убавицата во филмот кој е прилагоден според приказната “Убавицата и Ѕверот”, во режија на актерот и режисер Guillermo del Toro.
Британската актерка Emma Watson, која во последните десет години играше во филскиот серијал за Хари Потер, ќе глуми во новиот филм на Guillermo del Toro “Убавицата и Ѕверот”.
Emma Watson (22 години) ќе ја глуми Убавицата, а сеуште не е познато кој ќе го глуми Ѕверот.
Актерката, иако сите ние ја паметиме како малото девојче Хермиона, неодамна беше прогласена за најубава актерка во светот.