Еротскиот трилер во кој играле – се темели врз основа на нивниот брак!

25 октомври, 20120
nikol

Никол Кидман зборувала за улогата во филмот “Очи широко затворени”, во кој глумела со нејзиниот тогашен сопруг, Том Круз.

Актерката признала дека еротскиот трилер за една проблематична брачна двојка се темели врз основа на нејзиниот приватен живот и бракот со Том Круз. И покрај тоа што се разделиле две години по снимањето, Кидман негирала дека тоа била причината. “Луѓето мислат дека снимањето на филмот беше почетокот на крајот на нашиот брак. Јас не мислам така”, изјавила таа.

Објаснувајќи како режисерот Стенли Кјубрик се обидел да ги базира ликовите Алис и Бил Харфорд на нивниот брак, таа вели: “На филмот мажот и жената се во конфликт, а Стенли сакаше нашиот брак да го искористиме како претпоставена реалност.”

Признава дека и ден денес не го разбира овој филм целосно. “Ме прашуваат дали Стенли некогаш рекол за што всушност се работи во филмот и одговорот е не! Тој не веруваше во интерпретацијата”, изјавила австралиската актерка.

http://www.youtube.com/watch?v=NIAneEiWEJ4&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi