Еве каде се наоѓа среќата!

17 април, 20120
s3

Некогаш многу одавна, среќата била дадена на луѓето во изобилие. Не било потребно човек да се бори за неа или да ја бара, таа едноставно присуствувала во човечкото секојдневие и била дел од човечкиот живот. Но и покрај тоа, човекот постојано се жалел, се нешто му фалело, не го ценел доволно она што го имал.

Гледајќи што се случува, еден ден анѓелите се собрале за да одлучат што да направат во врска со тоа. Знаеле дека човекот почнува да ги цени работите дури откако ќе ги изгуби, па затоа решиле да ја скријат некаде среќата. Единствено тогаш човекот би можел да го почуствува нејзиното отсуство, кога ќе ја нема. Биле сигурни дека тоа ќе има ефект. Да, но каде би можеле да ја скријат, за да не биде толку лесно луѓето да ја најдат?

Започнале да предлагаат најразлични варијанти – на врвот на Еверест, на дното на Атланскиот океан…набројале толку многу места ширум светот, но ниту едно место не било доволно тешко за наоѓање, а имено тоа била целта. Во тој момент еден од нив рекол: Внатре во човекот да ја скриеме среќата! Таму тој погледнува најмалку…

И така од древни времиња, па до денес, човечката среќа се крие внатре во самиот човек. Таа веќе не е даденост, не се добива наготово, треба да се бара, за да се најде…

Не е лесно да се најде среќата, но не е и невозможно. Треба само човек да престане да ја бара „надвор“ и да насочи поглед кон внатре, кон суштината, кон душата.

Својата и на другите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi