Пејачката и актерка Џесика Симпсон секогаш кога ќе раскине со некое момче се оддава на храната. Истото и се случи и по раскинувањето на проблематичната врска со Џон Мејер. Оваа пејачка и актерка, висока само 157 сантиметри, повторно најде утеха во храната и не и требаше долго за да достигне тежина од 65 килограми. Сепак кога сфати дека мора да се врати во форма за својот нов филм “Голема филмска ѕвезда”, Џесика го најми личниот тренер Харли Пастернак, кој и ја препиша 5-Фактор диетата и фитнес планот.
Два месеца откако започна со новиот режим таа успеа да ги восхити обожавателите со тоа што загуби неверојатни 11 килограми за само два месеци. Харли Пастернак е креатор на диетата и фитнес планот “5-Фактор” и тренер и на ѕвездите Ева Мендез, Менди Мур и Кетрин Хејгл. Оваа диета и фитнес план кои се големиот хит во Холивуд се фокусираат на постигнување совршено губење тежина и фитнес-резултати така што се јадат пет мали оброци дневно и се вежба пет пати неделно. Џесика била ограничена на 1.300 калории дневно, кои ги поделила во три главни оброци и две ужинки. Секој оброк содржи храна од петте главни групи: здрави јаглерохидрати, нискокалорични протеини, како пилешко или риба, овошје и зеленчук, млечни производи и мали количества масти и шеќер. Нема забранета храна, но Харли предлага да се избегнуваат продуктите произведена од бело брашно и од шеќер.
– Многу е едноставна диетата и воопшто не е чудна или контроверзна. Јас сум гласот на умереноста, а диетата не забранува никакви јаглеродни хидрати или калории. Таа е одржлива и безболна. Со оваа диета ќе имате доволно енергија и ќе ослабете. Исхраната треба да се потпира на белковини, а најсоодветни за тоа се лососот, мисирката, житарки (овесни снегулки). Најдобар пример за тоа е Џесика. Таа стана посилна. Ги разви мускулите на рацете, нозете и на стомакот, а ги задржа облините. – вели тој.
За дополнително да ја олесни „болката за храна”, Џесика има еден ден неделно кога може да јаде се што сака. Овој ден без диета и помага да остане мотивирана уште некоја недела и да создаде позитивен став кон здравата храна.
– Планот промовира промени во целиот животен стил. По некое време на моите клиенти им е лошо ако јадат премногу нездрава храна – објаснува Харли.
И физичките вежби имаа свој удел во трансформацијата на Џесика.
– Таа го тонира своето тело без да ја изгуби својата женственост – истакнува тој. Вежбите се состојат од основни кардио и вежби за истегнување за целото тело со што таа согорува калории и ги подобрува сите делови од телото. Како и диетата, така и вежбите се состојат од пет главни дела. Секој дел трае пет минути и треба да се вежба пет дена неделно. Вежбите може да траат од 25 до 55 минути. Важно е што се поделени на пет дела. 3агревањето трае пет минути на подвижна лента или со возење велосипед. Следуваат кардиовежби. Потоа се работи на горниот дел од телото, па на долниот, на абдоменот и се завршува повторно со кардио. Најдоброто е во тоа што вежбите може да се прават дома, но може и надвор. Наместо да возите велосипед или да трчате на подвижна лента може да џогирате, да пешачите или да прескокнувате јаже. Преостанатиот дел од програмата се гимнастички вежби на клупа или со топка. Јас не користам ваги. Поразувачки е кога ќе вежбате и по вежбите се качите на вага и гледате дека не сте полесни. Вежбите треба да ги правите за вие да изгледате и да се чувствувате добро. – додава Харли.