Facebook наполни 8 години

popara4 февруари, 20121min00
10901889464f2cd87246445625284001_orig

На денешен ден компанијата на Марк Цукерберг го прославува осмиот роденден.

Само неколку дена по ставањето на берза, Facebook осмиот роденден го дочекува со 845 милиони активни корисници и многу успешно работење, нето приходот на компанијата во 2011 година изнесуваше милијарда долари.

Вредноста на компанијата се проценува на 75 до 100 милијарди долари, а според најновото истражување кое за тема го има Facebook, а кое го спроведе Pew Research Center, корисниците и понатаму покажуваат интерес за оваа мрежа.

Имено, дури и корисниците кои неколку години ја користат оваа мрежа, не покажуваат никакви знаци на заситеност од Facebook, покажало нивното истражување.

Facebook  почна да постои на 4 февруари 2004 година на адресата www.thefacebook.com, а the „испадна” од името во 2005 година, кога е откупен доменот facebook.com за 200.000 долари.

Најпрво мрежата беше достапна само за студентите на Харвард, а сите луѓе постари од 13 години стана достапна на 26 септември 2006 година.

Првите 100 милиони корисници Facebook ги достигна во август 2008 година.

Тимот на попара.мк му посакува среќен роденден! 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag