Глобалната социјална мрежа ги претставила новите апликации со чија помош ќе може да се види кој што чита, купува, вежба и многу други работи.
Њујорк – Фејсбук до детали ќе знае се што правиме. 60-те нови апликации кои ги преставиле луѓето од Фејсбук ќе покажуваат кој што прави, каде е, што чита, што купува, на кој концерт ќе одите и многу други работи. Тие апликации се развиваат со помош на Open Graph протоколот. Досега проблемот со овие апликации беше што статусите се објавуваа без оглед дали корисникот го сака тоа или не. Сега новите апликации имаат јасни граници на приватноста.