Филети од ослич во корнфлекс и бадеми

popara29 ноември, 20121min00
file_oslica_cornflakes_bademi_04

Потребни состојки:

  • 4 филети бела риба (ослич)
  • сол
  • 1 чаша полубело брашно
  • 1 чаша ладна вода
  • 1 чаша пченкарни снегулки
  • ½ чаша бадеми
  • 1 и ½ чаша сончогледово масло за пржење

Начин на подготовка:

Измијте ги филетите, потапкајте ги со кујнска хартија и на тој начин исушете ги. На секој додадете сол. Брашното помешајте го со вода, за да добиете мазна смеса. Пченкарните снегулки иситнете ги во мултипрктик, а бадемите ситно исецкајте ги. Секое филе прво натопете го во смеса од брашно и вода, а потоа ставете во сувата смеса од пченкарни снегулки (корнфлекс) и бадеми.

Загрејте масло во тава и подготвените филети пропржете ги од двете страни додека не добијат кафеава нијанса. Похованите филети исцедете ги на кујнска хартија. Послужете со прилог по ваша желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag