Финска, земјата која ќе ве освои на прв поглед

popara10 јануари, 20122min00
jkljcklds

Финска е позната како една од најчистите, еколошки најразвиена земја во Европа. Регионот на Каину кој се наоѓа кон границата со Русија, може најкомплетно да одговори на дефиницијата комплетна природа.

Разгледувајќи ја со кану по езерата и реките, пеш или со велосипед по определени планински или рамничарски патеки, како и податокот дека сместувањето ќе биде во мали планински куќички, или на многуте фарми кои ги има во овој и многу други региони, впечаток дека сте комплетно во природа, само се потврдува.

Националниот парк Мартинселконен е дел од недопрената Финска природа, кој изобилува со специфична и богата шумска вегетација и голем број на разновидни животни, птици и инсекти. Дел од таа фауна се и кафеавите мечки кои го наоѓаат својот мир во ова заштитено подрачје. Финските туристички работници, токму во еден ваков, фински амбиент, организираат и пикник за странските туристи.

Саима е езеро во јужна Финска, кое со реки и канали е поврзано со соседните езера. Овој голем лавиринт на заливи и острови среде шумобит предел нуди големи можности за водни спортови, спортски рибочов, рекреација и забава.