За што ќе пишува Елтон Џон во својата прва книга???
Неговиот музички талент на сите ни е познат, а сега ќе ни се претстави и како писател. Ја најави својата прва книга и откри неколку детали кеи ќе бидат содржани во неа.
Британскиот музичар Елтон Џон ја пишува својата прва книга во која ќе ги опише личните кризи кои ги доживеал, а во врска со СИДА-та. На познатиот пејач, од оваа болест му починале неколку пријатели, меѓу кои и легендарниот колега Фреди Меркјури.
-СИДА-та е болест која неможе да се излекува, против неа треба да се борите со менување на срце и мисли и колективен напор да се урнат сите социјални бариери, изјавил музичарот.
Книгата ќе се вика “Love is the Cure: Ending the Global Aids Epidemic”, а секој примерок ќе содржи и аудио верзија на кое своето дело ќе го чита самиот автор. Целиот приход од продажбата на книгата, Елтон ќе ја донира во својата фондација “Elton John’s AIDS Foundation”.