Формулата за здравје и младост

popara18 април, 20121min00
z

Сите знаеме дека кислородот е неопходен за човечкиот живот и без него не можеме да постоиме. Парадоксален е фактот што кислородот е исто така вклучен во токсични реакции, кои им наштетуваат на клетките и можат да доведат до нивна смрт. Повеќето од штетните ефекти на кислородот се должат на создавањето и активноста  на високо реактивни соединенија на кислородот, многу од кои се слободни радикали – нестабилни и високо реактивни хемиски молекули.

Во нашиот организам се образуваат повеќе од 2 кг штетни соединенија на кислородот годишно како резултат на метаболните процеси.  Ако слободните радикали не се деактивираат тие ќе предизвикаат рушење на клеточниот систем.

Добрата вест е тоа што ние можеме ефективно да се заштитиме со помош на храната.  Минералите селен, цинк и манган се вклучени во структурата на заштитните ензимии и ако приемот на овие минерали е недоволен, ензимската антиоксидантна заштита е лоша.

Исто толку силен полезен ефект има витаминот Ц, витаминот Е и каротинот. Сите овие антиоксиданси се наоѓаат во храната. Ете зошто правилната исхрана е основен фактор во создавање на добра заштита против кислородните  соединенија , за успорување на процесот на стареење и за намалување на ризикот од инфаркт, инсулт и карцином.

Овошјето, зеленчукот, растителните масла, полнозрнестите производи, јатките, црвеното вино – ете тоа е формулата за здравје и младост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma