Фотографиите на италијанскиот фотограф Паоло Патрици под името „Миграција”, документираат млада жена од Нигерија која го продава своето тело на италијанските патишта со една цел – за да може да прати пари до нејзината фамилија во Нигерија. „Повеќето жени кои мигрираат, вклучувајќи ги и оние кои завршуваат во секс индустријата, донеле јасна одлука да го напуштат својот дом и да си ја пробаат шансата во друга земја,” вели фотографот. „За многу девојки проституцијата во Италија стана целосно прифатлива трговија и легендата за нивниот успех ја прави борбата против проституцијата уште потешка.” Погледнете ги фотографиите кои го претставуваат животот на оваа девојка.