Фудбалерот Дел Пиеро помогнал на девојче кое било во кома :)

12 февруари, 20120
578

Девојчето Гиада во италијанска болница, додека чекала докторите да одлучат за нејзината операција на мозок, гледала натпревар на Јувентус, а веднаш потоа состојбата и се влошила и паднала во кома.
12 годишното девојче, кое инаку била голем љубител на фудбалот и Јувентус, се разбудило со помош на чудо.
нејзиниот татко го контактирал нејзиниот омилен фудбалер, Алесандро Дел Пиеро и му ја објаснил ситуацијата во која се наоѓа неговата ќерка.
Затоа Дел Пиеро веднаш се согласил да помогне, оставил порака за девојчето кое веќе било 15 дена во кома:
„Се надевам дека ќе се разбудиш што побрзо за да можеш да гледаш како давам голови“, рекол фудбалерот.
Само 24 часа подоцна, откако таткото и ја пуштил снимката од пораката, девојчето се разбудило.
„Бев сведок на едно чудо“, изјавил таткото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *