Fujitsu го одбра Mobile World Congress како место на кое ќе го претстави својот нов таблет, Stylistic M532.
Најавен како „совршен уред за оние кои сакаат да ја спојат работата со задоволството”, овој Android таблет работи на најновата верзија на овој оперативен систем, има NVIDIA Tegra 3 процесор, 10,1-инчен екран, резолуција 1280 х 800, предна камера од 2 и главна од 8 мегапиксели, а батеријата трае и до 9,5 часа.
Тежок е 560 грама, а димензиите му се 226,6 х 175,4 х 8,6.
Од Fujitsu велат дека ова е одличен уред за управување со ресурсите, поради карактеристиките, како што се пристап до виртуелна десктоп инфраструктура (VDI), безбеден пристап до деловните апликации и чувствителни податоци, преинсталираните деловни софтверски апликации вклучуваат и вградена подршка за Citrix, VMware и Microsoft Virtual Desktop Infrastructure окружувања.
Таблетот од 1-ви март може да се нарача во регионот на Европа, Средниот Исток, Африка и Индија (CEMEA&I регион), на кого припаѓаат и Србија, Босна и Херцеговина и Црна гора.
Почетната цена ќе му биде 549 евра.