ГАВРАН
Среќа; ако чуете гракање на гаврани – несреќа, смрт; јато од гаврани – жален глас; ако бркате гавран – ќе откриете или ќе спречите кражба.
ГАЗДА
Загу6а.
ГАЈДА
Радосни новости; ако свирите на гајда – среќа во љубовта.
ГАЛЕБ
Среќа; неочекувано писмо од далеку; ако уловите галеб – кавга.
ГАЛЕРИЈА
Очекувај добиток.
ГАЛИЈА
Ако плови – чувај се од несреќа; ако потоне – губиток; ако веслаш на галија – злоба.
ГАРНИЗОН
Слава, чест.
ГАС
Ако готвите на гас – брзо остварување на желбите.
ГАСЕНИЦА
Лажен пријател; ако ја згмечите – некој се обидува да ви наштети.
ГАЌИ
Губиток; валкани гаќи – болест; искинати гаќи – кавга и тепачка; шарени гаќи – ќе стекнете добивка со лаги; ако ги изгубите гаќите – ќе бидете оштетени; женски гаќи – лошо ви се пишува; машки гаќи – скандал, лоши вести.
ГЕНЕРАЛ
Ќе се најдете во друштво со истакнати личности; ако се сонувате како генерал – ќе се гордееш со својата работа.
ГЕОГРАФСКА КАРТА
Патување.
ГЕРДАН
види ѓердан.
ГИМНАЗИЈА
Остварување на желбите.
ГИМНАСТИКА
Здравје; ако гледате како други вежбаат – пријатен излет.
ГИПС
Успех во работата.
ГИТАРА
Подарок; ќе се најдеш во пријатно друштво; ако слушате како некој свири на гитара – ќе жалите по минатото.
ГЛАВА
Штета; голема глава – богатство; ако имаш две глави – напредок; одсечена глава – несреќа; крвава глава – чувај се; глава ќелава – ви претстои штета; ако носите глава во рацете – добро и мир; ако ја миеш главата – имаш не искрен пријател.
ГЛАВОБОЛКА
Радосна вест.
ГЛАД
Ако на сон почувствувате глад – добиток на лотарија.
ГЛАС
Добар пријател ќе ве посоветува; ако слушате многу гласови – задоволство; глас божји – среќа.
ГЛАСНИК
Разочарувачки вести; ако примате порака од гласник – лоши вести.
ГЛИНА
Чувај се од неуспех; ако копате глина – пари.
ГЛИСТИ
Голема несреќа; ако ги фаќате во рака – долга болест.
ГЛОБУС
Патување.
ГЛОГ
Ве очекуваат тешки неприлики; ако ги видите плодовите на глогот – здравје; црн глог – задоволство.
ГЛОДАЊЕ
Жалост.
ГЛУВОСТ
Грижи / среќен живот со саканото лице; ако видите глув човек или разговарате со него – деловен неуспех.
ГЛУМЕЦ
Ако глумиш – срамота во друштво; ако гледаш глумци – те лажат.
ГЛУПАК
Штета; ако направиш глупост – утрешниот ден ќе ти биде лош.
ГЛУШЕЦ
Грижи; бел глушец – добра женидба / мажачка; полски глушец – предавство; ако ловите глувци – остварени желби; глушец во стапица – ќе ги победите непријателите; ако бркате глувци – залудни ви се надежите за добивка; стапица за глувци – некој сака да ве изигра.
ГНЕЗДО
Добивка; гнездо полно со јајца -веселба во домот / ако ви претстои нова работа прифатете ја; празно гнездо – загу6а; ако симнувате гнездо од дрво – венчавка; ако земате јајца од гнездо – ќе направите некоја неправда; гнездо од ластовица – добивка; ако го уништите гнездото – чувај се од љубомора; змиско гнездо – имаш итри пријатели.
ГНИДИ
Грижи и срамота.
ГНОЈ
Гној да собираш – ненадеен добиток; ако видите гној на себе – добивка, успех.
ГОВЕДА
Среќа; ако колете говедо – неуспех во љубовта; слабо говедо – несреќа; дебело говедо – среќно породување на некоја жена; ако пасат – успех во работата.
ГОВЕДСКО МЕСО
Ако јадете говедско месо – големи неприлики; ако готвите говедско месо – кавга.
ГОВОРНИК
Послушајте ги советите околу вас; ако вие држите говор – ќе станете влијателни.
ГОЗБА
Голема чест; ако учествувате во гозба – голема радост.
ГОЛОТИЈА
Да бидеш гол – жалост и срамота; голи луѓе – грижи; ако сте голи со саканото лице – напредок.
ГОНЕЊЕ
Ако бидеш гонет – оговарање; ако вие гоните некого – ќе мораш да донесеш тешки одлуки.
ГОРА
Чест; зелена гора – радост.
ГОРЧИНА
Болест; горчина во устата – ви претстои жалосен ден.
ГОРЧЛИВА ТРЕВА
Непријатности; ако јадете горчлива трева или ако ја собирате – жалост и солзи.
ГОСПОД
Остварување на желбите; ако се сонувате како Господ – напредување во работата; ако разговарате со него – среќа во бракот; ако се молите на господ – неуспех во работата; ако го колнете – болест, непријатности.
ГОСТИЛНИЧАР/ГОСТИЛНИЧАРКА
Богатство.
ГОСТИН
Ако сте вие гостин – оговарање; ако ви дојдат гости – кавги во куќата; ако не можете да се ослободите од гости – ќе останете без некој драг предмет; ако пречекувате гости – радосен настан.
ГОТВАЧ
Расправии; ако гледате како готви – успешна година.
ГОТВАЧКА
Ненадејна посета. Ако зборувате со готвачката – ќе слушнете глас од далеку за пари.
ГОТВЕЊЕ
Неискрени пријатели во фамилијата; лажица за готвење – немир; ако добиете предмет за готвење како подарок – ќе ве изневерат пријателите; ако готвите во голем сад – несреќа.
ГРАБНУВАЊЕ
Венчавка; ако грабнете нешто од некого – пазете се од непромислени постапки.
ГРАБЛИВЕЦ
Штета; ако го успеете да го фатите – ќе се ослободите од некое зло, ако ве нападне – ќе се судите со некого поради долгови; ако го припитомите – имате непријател во домот.
ГРАВ
Успех во работата; ако јадете грав – бременост или болест; ако готвите грав – ќе ви се исполни некоја желба; грав што цвета – ќе ви се исполни некоја желба; ако купувате грав – надежите нема да ви се остварат.
ГРАДЕЊЕ
Успех во работата; ако градите црква – ќе доживеете страв; ако други градат нешто – ќе го смените местото на живеење.
ГРАДИ
Исполнување на желбите; убави женски гради – изненадување; влакнести гради – здравје; ако видите бебе што цица од гради – среќа во бракот.
ГРАДИЛИШТЕ
Ви претстојат тешки одлуки за важни потфати.
ГРАДИНА
Среќа во семејниот круг; ако работите во градина – успех; градина со многу цвеќе – парична добивка; градина со висока ограда – неисполнување на надежите; градина со зеленчук – со малку труд ќе постигнете голема корист; зелена градина – надежите ќе ви се исполнат.
ГРАДИНАР
Непријатност; ако на сон сте градинар – ќе уживате во љубовта.
ГРАДИТЕЛ
Опасност; ако разговарате со него – трошоци.
ГРАМОФОН
Озборување(внимавајте на своето однесување); ако купувате грамофон – не однесувајте се несериозно, бидејќи ќе ве исмејат.
ГРАНАТА
Опасност; ако експлодира – ќе ве снајде несреќа.
ГРАНКА
Помошта ќе стигне во последен момент; скршена гранка – прекин на некое пријателство; сува гранка – несреќа; зелена гранка – среќа; ако сечете гранки – вашата непромисленост скапо ќе ве кошта.
ГРАШОК
Грижи; ако јадете грашок – ќе ви се исполни некоја желба; грашок што цвета – среќа; ако купувате грашок – грижи; ако продавате грашок – пазете се од повреди; ако берете грашок – добивка; ако садите грашок – напредок во домаќинството.
ГРБ
Напредување во работата; болки во грбот – долг живот.
ГРЕБЕН
Вашата цел ќе биде постигната.
ГРЕБЛО
Вашата ситуација ќе се подобри.
ГРЕШКА
Нема да сте сигурни во вашите постапки.
ГРИЖА
Среќна иднина.
ГРИЗЕЊE
Непријатности.
ГРИП
Во своите намери нема да успеете.
ГРЛИЦА
Верност.
ГРЛО
Ќе победат вашите непријатели.
ГРМОТЕВИЦА
Ако слушнете грмотевица – тага.
ГРОБ
Смирување со пријател; ако копате гроб – опасност; ако го затрупувате – болест; отворен гроб – ќе бидете поканети на некоја свеченост; ако лежите во гроб – добро чувај си ги своите финансии; ако читате натпис на гроб – ве очекуваат големи тешкотии.
ГРОБАР
Вашите долгови нема да можете да ги исплатите.
ГРОБИШТА
Поклон што ќе ви наштети; ако шетате низ гробишта – грижи; ако лежите на гробишта – благосостојба.
ГРОЗЈЕ
Непостојана среќа; бело грозје – радост; црвено грозје – возбудлив настан; ако берете грозје – ќе се разделите со некого; ако добиете грозје како подарок – ќе склопите пријатно познанство; ако јадете грозје – ќе имате љубовна средба.
ГРОМ
Опомена за твојата работа; ако удри гром – ќе претрпиш зло; ако некој друг го удри гром – ќе бидете поштувани.
ГУБЕЊЕ
Те чека зло.
ГУЖВА
Кавга; ако гледате гужва – добивка.
ГУЛАБ
Добар глас; ако го фатите – загуба; мртов гулаб – ќе останете без некој добар пријател; ако јадете месо од гулаб – жалост; ако гледате како се бакнуваат гулаби – љубовна идила; ако го пуштите да ви одлета од рака – кратка разделба со саканото лице; јато од гулаби – помош од непознати луѓе.
ГУМНО
Среќни денови.
ГУСАР
Парична загуба.
ГУСКА
Добивка; ако јадете – голема среќа; печена гуска – гости; ако колете гуски – ќе се ослободите од непријателите; гуска што плива – ве очекува далечен пат; гуска што грака – за вас се шират лоши гласови.
ГУШТЕР
Промена на местото на живеење.