Д

6 април, 20120

ДАБ
Среќен и долг живот; сув даб – болест; ако го исечете – храброст.

ДАВЕЊЕ
Ако вие се давите во вода – здравје; ако се давите во блато – незгода; ако гледате како некој се дави – некој ќе ви го загорчи животот.

ДАТУМ
Ако видите датум – губиток во куќата; ако вие напишете некој датум – паричен добиток.

ДВОБОЈ
Кавга; ако сте вие ранет во двобој – губиток.

ДВОГЛЕД
Исполнување на желбите; ако некој ве гледа низ двоглед – некој ќе ве гони.

ДВОПЕК
Добивка.

ДВОРЕЦ
Посебен издаток; ако вие го градите – здравје во фамилијата.

ДВОР

Голема чест; ако го чистите – ќе западнеш во кавга.

ДВОРСКА БУДАЛА
Ќе се посрамотиш.

ДЕБЕЛИНА
Чест; ако сонувате дебели луѓе – опасност.

ДЕВЕТ
Среќа; ако жена сонува деветка – желба за дете; ако маж сонува деветка – желба за семејство.

ДЕВОЈКА
Веселба; девојка во друштво – ново познанство; ако ја бакнеш – среќа и радост.

ДЕДО
Ќе имаш долг живот.

ДЕЗЕРТЕР
Размисли за своите намери.

ДЕЛКАЊЕ ДРВО ИЛИ КАМЕН
Задоволство.

ДЕЛФИН
Болест на некое драго лице.

ДЕТЕ
Среќа; дете што трча – ново познанство; дете во лулка – радост во семејството; дете што си игра – среќа во бракот; дете што плаче – ќе доживеете срам; ако го храните – семејни грижи.

ДЕТЕКТИВ
Штета во домот; пазете се да не ви украдат нешто.

ДЕТЕЛИНА
Среќа; поле со детелина – излез од финансиска криза.

ДИВА ПАТКА
Ќе се разочарате.

ДИВА СВИЊА
Големи непријатности во работата.

ДИВИ ЖИВОТНИ (ДИВЕЧ)
Чувај се од несреќа; ако вие ловите – среќа.

ДИВОКОЗА
Бидете претпазливи.

ДИЈАМАНТ
Чувај го она што го имаш да не го изгубиш; ако имаш дијамант – ќе настрадаш поради својата добрина; ако најдеш дијамант – големо изненадување.

ДИНАМИТ
Опасност.

ДИЊА
Ќе доживеете срамота; ако ја јадете – жалост.

ДИРЕКТОР
Исполнување на желбите.

ДОАЃАЊЕ
Ако доаѓа некој роднина – кавга; ако доаѓа пријател – голема веселба.

ДОБИВКА
Ако добиете добивка на среќа – среќа во женидба.

ДОВИКУВАЊЕ
Болест; ако чуете како ве довикуваат – имате недовршени работи.

ДОГОВАРАЊЕ
Пазете се од лаги.

ДОЕЊЕ
Радосни вести; ако видиш доилка – на вашите деца им претстои опасност.

ДОЖД

Верност; дожд со грмотевици – штета; ако дождот ве намокри – жалост.

ДОЖДОВНИК
Животна радост.

ДОИЛКА
Грижи и непријатности.

ДОЛ
Опасност; ако го преминувате – бидете внимателни; ако паднете во дол – ќе избегнете некоја опасност; дол полн со вода – болест.

ДОЛАРИ

Среќа во работата.

ДОЛГОВИ
Ќе го промените местото на живеење; ако ги исплатите – болест; ако направите долгови – кавга.

ДОЛИНА
Радост; пуста долина – грижи; ако бидеш во долина – чувај се од несреќа.

ДОМАТ
успех на сите полиња.

ДОМАЌИНКА
Непријатности; болна домаќинка – несреќа.

ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Среќа во фамилијата.

ДОМИНО (ИГРА)

Непријатности; ако сте во игра – не лажете.

ДРАГОЦЕНОСТИ
Те чека среќа.

ДРВА
Богатство; расфрлени дрва – кавга; ако собирате дрва – кавга; ако сам сечете дрва – ќе бидете почитувани; ако обработувате дрво – ќе ги совладаш непријателите; расцветано дрво – радост; зелено дрво – чест и пријателство; плодно дрво – среќа; старо дрво – брзо ќе остарееш; дрво во шума – пријател на висок положај.

ДРВЕНИ ЧЕВЛИ
Издржливост.

ДРВОДЕЛЕЦ
Ќе постигнеш важност со својата работа.

ДРВОРЕД

Ќе добиете помош од одговорно лице.

ДУДИНКА
Успех; ако јадеш – неочекуван добиток.

ДУКАТИ
Добро; ако добиете дукати – исполнување на плановите; ако слушате како ѕвецкаат – богатство; ако најдете дукати – ќе стекнете добри пријатели; ако плаќате со дукати – длабока старост.

ДУЊА
Чувај се од непријатели; ако берете дуњи – успех.

ДУПКА
Ќе се посрамотиш; ако паднете во дупка – болест; ако ѕиркате низ дупка – ќе доживеете срам.

ДУЌАН
Трошоци; ако влегувате во дуќан – ќе потрошите многу пари; ако го заклучувате дуќанот – деловен неуспех; aко поминувате покрај дуќан – ќе одолеете на некое искушение; ако не сакаат да ве послужат во дуќан – болест.

ДУХ
Неспокојство; ако го фатите – добиток; ако некој дух ве посети – ви претстојуваат среќни денови; духови бел – немир; шарен – штета; црн дух – смртен случај.

ДУШЕК
Богатство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi