Добрата продажба го натера Samsung да претстави и таблет под овој бренд порано оваа година, а медиумите сега пренесуваат дека се подготвува наследник – Galaxy Note II.
Тој, според непотврдените спецификации, би можел да има 5,5 инчен AMOLED екран, сигурно побрз процесор и повеќе меморија од првиот Note (се споменува некаде околу 1,5 гигабајти РАМ и процесор 1,7 гигахерци.)
Резолуцијата на екранот би можела да биде 1680 х 1050, а би имал задна камера од 8 мегапиксели. Note II би стигнал со подршка за 4G LTE и NFC.
Како и неговиот претходник и овој модел би имал стајлус.
Според гласините, кои прв ги објави UbuntuLife, новиот Note би можел да биде претставен во октомври.