Само неколку месеци по појавувањето, Galaxy Note од компанијата Samsung е продаден во преку милион примероци.
Уредот кој по своите димензии се наоѓа некаде помеѓу смарт телефон и таблет компјутер, одлично е препознат како добро решение и забележа одлична продажба и покрај ограничената достапност.
Имено, американскиот пазар Note ќе го добие дури следната година, а овој уред премиерно беше претставен во септември на саемот IFA.
Милион испорачани единици значи дека Samsung се позиционираше како создавач на новиот пазар, велат од оваа компанија. Тие најавија и дека ќе продоложат да ја зајакнуваат својата позиција и да креирааат нови пазари со своите иновативни уреди.