Иако е објавено дека Samsung Galaxy S III нема да се појави на саемот во Барселона, неофицијално сепак би можел да се појави.
Имено, се појавија спецификациите на овој телефон: Exynos процесор на 1,5 гигахерци, 4,8 инчен екран со Full HD резолуција, предна камера од 2 и задна од 8 мегапиксели.
Иако навикнавме на пластиката кога се работеше за паметните телефони на Samsung, BGR известува дека куќиштето SGS3 ќе биде керамичко.
На пазарот ќе се појави покасно во текот на годината, но се нагаѓа дека тоа може да биде на пролет, а ќе се испорачува со Android 4.0.
Како ќе изгледа? Па, можеби како на сликава која ја објави BGR.