Ова не се фотографии од поплавено село. Ова е Ганвие, најголемото место со куќарки на вода во Африка, кое се наоѓа во државата Бенин. Околу 20.000 луѓе живеат на ова место. Движењето низ градот е можно само со чамци, а зборот Ганвие значи „ние преживеавме”, и е постетување на настаните од пред неколку века што довеле до основање на истиот.