Најголемиот смарагд во светот оди на аукција!
20 јануари, 20120
Најголемиот брусен смарагд во светот ќе биде ставен на аукција во Канада. Масивниот 57.500 каратен овален драг камен со тежина од 11,5 килограми и со големина од една просечна лубеница кој е проценет на 1,15 милиони долари аукциската куќа Western Star Auctions ќе го понуди на продажба, а се верува дека ќе постигне многу висока цена.
Смарагдот е инаку пронајден во Бразил, а брусен е во Индија. За аукцијата биле ангажирани голем број безбедносни сили за во случај да не исчезне скапоцениот камен.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VV7d1sFVxWc