Гарантирам дека вакви аеродроми не сте виделе :))) ццц :)))

popara3 јануари, 20121min00
2

Скоро секој поголем град во светот има и свој аеродром, некои градови имаат дури и по повеќе од еден. Секој од овие аеродроми е на некој начин различен од другите.. Некои па се скроз невообичаени, дали поради местоположбата, обликот итн. Па така некои аеродроми се наоѓаат на сред населено место, некои се на карпа, некои во море и други чудни локации.. Еве неколку интересни аеродроми низ светот.

1)      Гисборн (Нов Зеланд) – Аеродромот ви Гисбор со сигурност заслужува да биде на листата на најуникатни аеродроми во светот.. Пистата на овој аеродром се вкрстува со железничка пруга наменета за патнички и товарен сообраќај. Ова е единствениот аеродром во светот каде што некогаш авионите треба да застанат и да пропуштат воз.

2)      Хонг Конг- Аеродромот во Хонг Конг е еден од најфреквентните и најудобни аеродроми во светот, и е невообичаен по уште една работа.. Односно кај вториот терминам на овој аеродром има и игралиште за голф.. Интересно е што на овој аеродром има и ноќен-живот.

3)      Гибралтар- Аеродромот во Гибралтар е специфичен по тоа што неговата писта е всушност главна улица во градот, и е во самиот центар на градот… Улиците се затворени секој пат кога авион полетува или слетува.

4)      Островот Саба- Ова е единствениот аеродром на островот и со право се смета за еден од поопасните аеродроми во светот.. Доколку се најдете во ситуација да слетувате тука молете се сите да функционираат и да нема никакви технички проблеми… Инаку не ви се пишува добро.

5)      Кансаи(Јапонија) – За пренесалената Јапонија ова е логично решение. Поради недостаток на слободно земјиште за аеродромот, тој беше изграден на вештачки остров, долг 4 км и широк до кај 2.5 км. Инаку овој аеродром се наоѓа во заливот на Осака и до него може да се стигне со кола, воз или брод.

6)      Атланта(САД)- Хартсфилд-Џексон аеродромот во Атланта беше отворен во 2006 после 5-годишна конструкција и е познат по своите цик-цак патеки. Што е особено интересно е дека пистите се наоѓаат на нормални патишта каде што има и сообраќај, па така веројатно возачите со страв возат по сите патишта, молејќи се да не ги закачи некое авионче.

7)      Бара(Шкотска)- Ова е единствениот аеродром чија писта е всушност плажа, и се користи за редовни линии. Најспецифичното за оваа писта е што се користи само при осека, затоашто при плима е поплавена.

8)      Курчевел(Франција) – Овој аеродром се наоѓа високо на алпите во близина на туристичкиот град Курчевел. Специфичноста на овој аеродром е тоа што пистата е многу кратка и има успон од околу 18.5 степени. Пистата е исто така многу блиску до ски-стазите што се на се предизвикува чувство на немир при полетување.

9)      Кобе(Јапонија) – На листата се појавува уште еден јапонски аеродром на вода.. Како и Кенсаи аеродромот така и овој се наоша на вештачки остров поради недостатокот од земјиште. Овој аеродром е поврзан со копното со мост. Ваквите јапонски аеродроми се само едно од чудата на Јапонското градежништво.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag