По настаните во 2010-та година, односно нивниот основач киднапиран и убиен во Јужна Африка, 2011-та беше релативно тивка година за германската тјунинг компанија, Gemballa.
Gemballa е решена да сврти нов лист и инвеститорот, Стивен Корбач, поттикнува ново поглавје во историјата на компанијата од страна на отпочнување на нов Gemballa тркачки тим кој се надева дека ќе почне да се натпреварува во сезоната оваа година, 2012. Со нов тим во рака, Корбач сакал автомобил кој може да биде конкурентен од секој агол и се чини дека тоа го нашол во еден пар McLaren MP4-12C GT3 модели.
“Ние намерно отидовме за Мекларен GT3 MP4-12C, затоа што сметаме дека автомобилот има огромен потенцијал да биде меѓу лидерите на сезоната”, изјави Корбач.
Напојуван од истиот 3,8-литарски твин-турбо V8 мотор што се наоѓа во производствената верзија, MP4-12C GT3, доаѓа со де-тјуниран ограничен излез од само 500 коњски сили при 7.500 вртежи во минута. Моторот е потоа монтиран на карбонското тело на MonoCell шасијата.