Жените попрво би се откажале од сексуалните активности, отколку да престанат да гледаат телевизија, додека во случајот со мажите ситуацијата е обратна, покажала една анкета на хамбуршката Фондација за прашања на иднината.
Околу 57,6 % од жените изјавиле дека ќе се откажат од сексот на година дена, само за да може да си ги гледаат омилените емисии, серии на телевизија, додека 61,6 % од мажите кои биле ставени пред изборот на или – или, би се откажале од телевизијата.
Слични разлики меѓу жените постојат и кога станува збор за секс и благо, 46,8 % од жените ќе се откажат од сексот само за да може да уживаат во омилените торти и чоколади.
Во оваа анкета учестувале 2200 лица кои биле постари од 14 години.