Една шведска компанија објавила конкурс за необично работно место „надзорник на авотматските косилки“, за која понудила плата од 2000 евра. Условите за работното место се да сте млади, меѓу 25 и 35 години, да користите интернет, фејсбук и твитер.
Шведската компанија навела дека локацијата за работното место е во Мадрид, а единствена задача би била сончање во парк додека косилките самостојно ја извршуваат својата задача.
За работното место се бара млад човек, кој е компјутерски писмен, кој ги користи социјалните мрежи и мејл, па се што ќе забележи во текот на денот да го објавува, а платата е 2000 евра.
Иако, оваа работа од соништата е идеална за многумина, сепак предвиденото траење на вработеност е околу месец дена и служи за промовирање на новата линија на автоматски косилки.
Се работи за маркетиншки трик, а понудата за работа сепак е вистинита, а на огласот се пријавиле преку 2100 лица.