Со огласот „ваша тетоважа на мојот задник“, една невработена девојка од Нов Зеланд повика на лицитација, а победник ќе биде оној кој ќе понуди највеќе пари, се разбира.
Тина Б. Овој дел од своето тело го рекламира како идеално место за огласување на брачни понуди и бизнис промоции, но и како изложбен простор доколку имате уметнички способности.
По само неколку поминати дена, девојката добила повеќе од 10 илјади новозеландски долари.
Повеќето од парите таа ветила дека ќе ги даде во хуманитарни цели, а остатокот и се потребни за да ги плати долговите, бидејќи во рок од година дена таа два пати останала без работа.