
Актерот Бен Фостер го бакнала 50 години постара колешка при појавувањето на црвениот тепих.
На премиерата на документарниот филм “Love, Marilyn” на филмскиот фестивал во Торонто имаше повеќе акција од очекуваното.
Пријателката на славната Мерлин Монро и сопруга на нејзиниот омилен фотограф Милтон Грин, 83-годишнната Ејми Грин, скокнала во прегратките на 32-годишниот колега, Бен Фостер. Страстниот бакнеж публиката го поздравила со аплауз.
Филмот ‘Love, Marilyn’ носи интимна приказна раскажана преку документарец, а вклучува нејзина интимна песна, дневници и песни.
