Гоа – рајските порти на Индија…

24 март, 20120
naslovna

Гоа е многу повеќе од парти дестинација… со песочните плажи долги 100 километри, кои ги заплискуваат брановите на Арапското море, ова место е совршен синоним на слободата…

Зборот кој најдобро го опишува Гоа е „ шанти “, што во превод значи мир. Филозофијата на живеењето на Гои е само е само полека и без брзање. Гоа е  некогашната португалска колонија, денешен дел од Индија, на западниот брег на индискиот потконтинент, која ја заплискува Индискиот океан. Била под португалска контрола повеќе од четири века, од периодот кога Васко де Гама ја открил Индија, се до 1961 година. Долгото португалско влијание, направило Гоа да биде единствена во Индија, не само поради големиот број жители со христијанска, католичка вероисповед, туку и по својот либерален дух и спонтаната наклонетост на локалните жители кој посетителите од другите делови од светот.

Гоа денес е една од најпосетуваните дестинации во Индија, благодарение на бескрајните плажи и либералната култура. Во светот важи за рајско место, во кое типичниот ден започнува со уживање на плажите со златна песок, кокосови палми,моќни бранови и цедени сокови од свежо овошје. Разнобојните села се прелеваат и преминуваат во гратчиња со инфраструктура – големи хотели и фенси клубови.

Храната во Гоа претставува голема промена после зачинетата, мрсна и силна северно- индиска храна. Пред сé, благодарение на големиот број туристи,  може да се најде класичната западна кујна, дури и бифтек. Меѓутоа,специфичната храна се заснова претежно на месо, риба и морски плодови. Кокосовиот орев е основа  на сé во Јужна Индија, се користи како масло за масажа, млеко за готвење, за правење оцет и како одреден вид засладувач. Освен кокосот, во гоанската кујна ќе најдете и зачини како ким, лути пиперки и коријандер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber